андарт м.

андарт (м.)

Грчките четници — андартите — не беа голи и боси како „бугарските“; тие дојдоа испроменети во црни фустани, бели ѕиври, со букви на врвовите, а ќостезите на саатите, крстовите што ги носеа на гушите, ѕвечеа од сребро и злато, подресени со лири, обружени со куси синавери, тие изгледаа вистински евзони како на свадба или на гости да тргнале.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Патријаршијата испрати во овие села свои, грчки даскали; грчкиот владика во Битола запопи свои попови во секое село, и преку архиготите и капиданите од андартите ја засили пропагандата за погрчување.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тоа го направи и Јовановиот четник Брајан од Жиово, та стана капиданис Брајанис и ги одведе андартите во своето село Жиово да го изгорат, а сам со својата рака му ја пресече главата со секира на својот роден стрико „Бугаринот" Петка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Напарени се од андартите, фанариотите и не ги забораваат своите искршени заби.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Грчките андари и фанариотите нашите ги викаа паганштии.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Вие морате или Турци или андари да бидете- им рече Љакето. Никако не можевме да се погодиме.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Даде, зеде, викаше, се топореше и најпосле ни ги пушти андарите; тие ја запалија црквата, испотепаа едно чудо народ, мене ми ги отепаа и жената и двете деца и еве остана само ова сирачево...
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Тој ќе истакне дека “врските меѓу политичките и воените лидери беа блиски“ и дека македонските партизани не можат да се помират со неактивноста на грчките андарти.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Словенските андарти се борат со поголема храброст отколку нивните грчки другари и словенските селани се помалку зборливи и повеќе искрени отколку Грците. Но јас се трудам да го прикријам ова мое лично чувство“.35
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во составот на грчката армија дејствувала т. н. „Света чета“ составена од андарти четници доброволци од Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Сетне, беа нашче, комитите и по востањето гредее по нашче места грцки андари и беа полоши од Турците...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)