анархија ж.

анархија (ж.)

До Инспекторот на полицијата Скопје Од управителот на поштата во Прилеп и од началникот на Прилепски срез добив телеграма со која ме известуваат дека четниците кои се враќаат од бојното поле вовеле вистинска анархија и безвластие.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Јас сум неизбришлив траг на среќа во оваа земја на анархија!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Вокалите се обидуваат да воведат некаков (којзнае каков и кому ли потребен) ред во творечката анархија на една агонија во која времињата заемно се ништат да би да ослободат повеќе место за обичното, дребно постоење.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Нејзините фотографии се појавуваа по весниците поврзани со зборот анархија, беше упадлива по својата неупадливост – наместо деликатните фризури на тоа време нејзината коса беше едноставно кратка, наместо фустаните со тантели, машни, вештачки цветови, и ленти, беше првата жена во Виена која носеше панталони.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ете, за пример ќе ја земам темата за хомосексуалност. Се смета за анархија.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Европа повторно би западнала во меѓународна анархија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)