амфетамин (м.)
Иако поголем број луѓе кои земаат амфетамини не искусиле сериозни физички последици, освен ако се навистина толку среќни па купиле роба која или е неверојатно чиста или помешана со некоја друга токсична материја, овердоузот е чест случај.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
За разлика од денешните илегални дилери, легалните продавачи на марихуана не би биле поттикнати своите клиенти да ги привикнуваат на амфетамини, кокаин и хероин.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Често познати како кокаин на сиромашните, амфетамините се најевтини кикери што воопшто можат да се најдат.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Докторите продолжија и понатаму да ги препишуваат слободно, со нив лекувајќи - од разни депресии до диети за добивање во тежина, со што само ја зголемија нивната рекреативна употреба, посебно на амфетамините Дринамил (пурпурни срца или сини), Декседрин (дексијс), и Дурофет (црни бомбардери) кои ги преплавија улиците и црниот пазар. 1964.година, после вревата што ја кренаа медиумите, илегалното поседување на амфетамините стана казниво со закон.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Сето тоа го правеше амфетаминот, но најинтересно беше тоа што Били умееше да ја пренесе атмосферата на оние кои воопшто не беа во тој фазон: обично луѓето на спид правеа нешто што им беше само на нив интересно.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Се зборуваше за бета-фенелитаминот, кој е структурно сличен на амфетаминот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Четвртата серија можеби е направена од амфетамин.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)