амбиција (ж.)
Лошата зима и мекиот карактер на Селима го одвратија од оваа намера и тој се врати во Стамбол, откажувајќи се од лудите амбиции на татка си да го покори и поислами целиот свет.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Осумнаесетото лето откако почна животот, Иван, функционираше како прецизен механизам на часовник, се во одредено време: фудбал, стихови на класици, француска граматика, одмор. Беше и амбиција и умереност.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Поезијата по природата на својата основна функција – има амбиции да го преобразува и времето.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Но, погледај се во огледалото – 18 годишно момче стана млад човек, жеден за свој живот и полн амбиции.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Имаме разлог да се надеваме дека денес можеме да се задоволиме со овие микролошки перспективи кои би можеле конечно да ги потиснат застрашувачките амбиции на критичкото нивелирање, инаку, издиференцираните слики на светот.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Јасно ни е дека Енценсбергер сепак нема намера да ја отфрли, тој попрво би сакал да ја ограничи глобалната амбиција на традиционалниот концепт на критика.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Или пак дека како дете бил фасциниран од идеите во физиката и математиката; во средно школо и на факултет ги следел своите научнички и лингвистички интереси и му се развиваат и уметнички амбиции; ја открива својата длабока љубов кон многу композитори, особено кон Бах и Шопен.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
И затоа тој имаше литературни амбиции. Ги имаше, да.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Неодамна наидов на една книга од психологија во која ја подвлеков следната примедба: “Родителите им го крадат на децата сопствениот идентитет кога бараат нивното дете да ги оствари нивните нереализирани животни амбиции”.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Највозвишените амбиции на групата Зеро во почетокот на нејзиното делување беше добро да се напуши хашиш или трева и да се шиба поликолор по ѕидовите на институциите во азискиот дел на Скопје.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Релативно културно сељаче со монструозна амбиција да стане газда и да ме истисне од бизнисот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Или го прифаќате размерот на нивните амбиции, нивната само-декларирана желба низ сопствените слики да ги преобразат гледачите, а потоа и светот, или пак останувате надвор, гледајќи ги како карикатури, комични повеќе одошто космички уметници, чија единствена цел е провокација.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Нивната интелектуална амбиција, онаа наводно силна глад по знаење и мудрост поради која човек, како што велат, се решава да студира филозофија, молкум се повлекува пред првата конкретна општествена пречка и веднаш наоѓа сатисфакција во ситната злоба и лицемерието на приватниот трач.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
На сите им беше заедничка амбицијата како да си ја задржат власта над луѓето во езерската земја, почнувајќи од функционерите од локално, па сѐ до републичко и федерално ниво.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
И покрај заслугите што ги имаше во борбата против фашизмот и домашните предавници, Трим Тоска, по војната, задолжен од Партијата за „братството и единството на народите” во крајезерската земја, не беше без амбиции еден ден да помине и во Републиката, според поволниот клуч на малцински структури, на некоја висока функција, токму во времето кога и децата ќе стасаа за студии.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Залегнатата клица, заразата на еден живот на судири и амбиции од кој бегав и навистина сакав да избегам, се опираше во мене.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Но овде гледам скалите му се потребни за да си ја искаже својата постојана амбиција за искачување, за некој вид победа, за која инаку во секојдневието се чуваше да зборува со сиот порив што го чувствуваше, додека во ракописов, бидејќи фикција, што би рекле критичарите, нема психолошка кочница.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Поправо, сега веќе кај работниците не е во прашање нестрпливост, колку амбиција - сакаат да имаат успех, никој не сака јалов крај.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Откривањето на кадиските сиџили во Битола, речиси преку ноќ, ги зголеми амбициите и на младите и на постарите научни кадри во областа на историските, на правните, на економските, на филолошките и на други науки.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Во мене и натаму продолжуваше неконтролираната инерција на мојата поранешна амбиција да го расветлам докрај Татковото цариградско време, големата енигма на неговиот живот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)