акустика ж.

акустика (ж.)

Јазикот е акустички резултат од физиолошкото работење на органите на човековиот говор, на којшто му се припишува извесно значење.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој го чувствува фактот дека максималната валентност на соответна содржина може да се постигне само и доколку таа содржина се вгради во нејзината природна метричка и акустичка структура, доколку ја зголеми нејзината тензија со ефектите на обртот и непредвидливоста, и дека носечка суштина на јазикот на поезијата е неговата рефлексивност.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Понесеноста на раскажувањето, интонацијата на реченицата, текот на фабулата, сето тоа кај Чинго одекнува со акустиката на кажуваниот збор, нѐ маѓепсува со својата говорна синтакса.“
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Аудио 3-D акустиката може да ја поткрепи илузијата на внурнатост во некаков виртуелен свет.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
„Пријатната“ соба изгледа дека требаше да има визуелен и акустички ритам во склад со своите духовни, визуелни и тактилни квалитети.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
По акустиката во кулата, Боб беше изненаден од природноста на својот глас.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)