акропол (м.)
Се согласи. Ги наполни широките гради со воздух и брзо, без запир зареди: - Авганистан, Авива, Абеба, Акропол...
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Словенска антитеза
Дали ветер се дигна над морето под небото
дали птиците се вратија и топлите времиња
дали јазикот се поднови и смислата
или миговните богови збор зедоа и загинаа
та преметите, луѓето и соништата безобѕирни
просторот и горчината ги размножија
и душата ми ја изнесоа на отворено
како разговор во акропол
да не смее да биде сама
а да сака?!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ни ветер се дигна над морето под небото
ни птиците се вратија, ни топлите времиња
ни јазикот се поднови, ни смислата
ни миговните богови збор зедоа ни загинаа
- предметите, луѓето и соништата безобѕирни
просторот и горчината да ги размножат
и душата да ми ја изнесат на видело
како разговор во акропол
та да не смее да биде сама
а да сака,
Но
мислата ми се воздигна
кога Го видов!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)