авторитетен прид.

авторитетен (прид.)

„Претполагам дека знам што е и каква е една вообичаена треска штом ќе наидам на неа“, рече докторот со студен, авторитетен тон, проверувајќи му го пулсот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Куртиал, во таков случај, од толку што беше авторитетен штом ќе се разлутеше, ќе го згмечеше в џеб и најненаситниот манијак, ќе го набуташе веднаш во глувчешка дупка.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој авторитетно ја крена прачката и започна да ги коментира податоците од паното за албанското православие.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
По доаѓањето на чело на ЦК на МРО, Гарванов не можел да дозволи толку авторитетни лица, коишто не само што ја претставувале Организацијата, туку во тие моменти ги зеле во свои раце и функциите на уапсениот ЦК, и всушност раководеле со неа, да останат на тоа место, и ги замениле.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Алајко Ошев и Митре Ирчев, луше од власта и на власта, едно јулско утро измазнети, стокмени, со црвени вратоврски, утлеисани, со б`снати чевли, со чанти во рацете го чекаа џипот за да ги однесе во планинското село Ошево, како членови на Мировниот совет, како авторитетни помирители, но не и на војување (војната ја поминале „во позадина“).
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сѐ додека дома, еднаш сред бел ден, кога се подена тоа прашање, татко му, предвоен доктор, не си ги избриша мустаќите од неделниот ручек и авторитетно заклучи, како само од себе да се подразбира, но и без приговор: - Се разбира, медицина.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Бездруго, еминенцијо”, рече Беренц погледнувајќи со интересирање во ведриот, но авторитетен духовник, кој по оваа реплика уште повеќе порасна во очите на есесовецот испратен во оваа европска провинција.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се сосредоточува на текстот од интервјуто за „Der Morgen“ кој му се враќа во мислите збор по збор, онака како што го даваше тогаш, пред девет години, имајќи ги пред очите како негови први читатели, татка си, реб Апфелблум, своите ционистички пријатели од Жешов, авторитетните рабини на Берлин, дури и неговите просветени професори од Виена кои во неговото доживување стојат, тројцата, со широко разлистани весници, потчитуваат од неговото интервју, а потоа задоволно фрлаат меѓусебни погледи преку рамките на очилата и цвикерите и задоволно го одобруваат прочитаното...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој потоа рече дека Татко со идеите на Фаик Коница за супериорноста на природните над вештачките јазици, за кои добил поддршка од авторитетните умови на времето како Гијом Аполинер, Реми де Гурмон и други, веќе проникнал во успешното толкување на релацијата вештачки јазици-јаничаризам во генералната тема која им беше од заеднички интерес.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А баба беше ситна добродушна женичка секогаш во сенка на строгиот и авторитетен дедо.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Тој не се задоволуваше само од основната информација во енциклопедискиот речник на Емил Литре, чии шест големи тома ги донесе од Париз, дека јаничарот бил војник на турската пешадија кој му служел на Големиот Господар, а јаничарската војска, создадена според едни од Орхан во 1330 година, а според други, од неговиот син Мурат I во 1362 година и во неа биле регрутирани христијански заробеници, била уништена од султанот Махмут II во 1826 година, туку посебно инисистираше да се внимава на дополнителното фигуративно значење, кое го претстави авторитетно на својот негуван француски јазик: Il se dit (des janissaires), en mauvaise part, des satellites d` une autirit quelconque!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тогаш нашиот авторитетен дедо, седнат на чело од масата, ја земаше лубеницата пред себе и ќе го забодеше ножот во неа.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Климент Камилски се изненади од овој настан, но сметајќи се апсолутно компетентен, како сорбонски докторанд од областа на воспитанието на детето, не сакаше пред Татко да го покаже своето чудење, но, сепак, со авторитетен глас на сеинформиран научник прокоментира: Јазикот останува најзначајната симболичка фигура на човековиот дух, но и најзагадочната творба на природата за разбирање на луѓето и народите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
‌Кога ги изнесува во преден план прашањата за родовата ориентација, конкретно „несообразноста со родовата улога“ и „родовата нетипичност“, како признаци на „природите на геј- мажите“ (барем на природите на оние мажи што се „насочени кон зачувување“; 243) и кога штуро се зафаќа со прашањата за сексуалноста, Фелоус без колебање упатува на авторитетна поткрепа во некои претходни теории за хомосексуалноста, и тоа од викторијанскиот период, кои геј- мажите ги дефинирале како женски души во машки тела, како припадници на трет пол или на меѓупол.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)