аванс (м.)
— О, па вие денеска зедовте аванс!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ми дадоа аванс, за преводите, тоа се неколку мои плати.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Се укина и одредбата која предвидуваше дека веднаш штом во имотот што влегува во стечајната маса ќе бидат собрани и достапни соодветни парични средства, стечајниот управник со претходна согласност на стечајниот суд ќе изврши авансни исплати на побарувањата од социјалниот план (чл. 34).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Ослободувањето од плаќање на трошоците на постапката опфаќа ослободување од плаќање на такси и ослободување од полагање на аванс за трошоците на сведоците, вештаците, за увид и за судските огласи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)