Христос м.

Христос (м.)

Христос говори, — тежко на тија кои чинат лошо пред свои чеда.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Тогаи ќе да се јави честниј крст от небо, ангели ќе да го носат и ќе да го постават на това место дека бил Христос распјат.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Кои умрени се поменуват на свјатаја литургиа, тие се куртулисуват от руки дјаволски. Така рекл Христос.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Роден во планинско место каде што живее племе Од смртници смешни: веруваат в Алах и Христа, мешано празници слават; и оџа, и поп на гробиштата заедно исти обреди свештени прават.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
И така нашето духовно преродување и просветување кај нас, па и изработувањето на нашата писменост, поради географските и историските услови, има земено во првата илјадагодишнина по раѓањето Христово инаков од, а кај другите православни Словени инаков.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како да ве искорнам! Како да се куртулам од вас! Господе, господе! (Се крсти.) Спаси ме ти, спасителе Исусе ХРИСТЕ!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Го гледаш, само спие како рудо јагне, ни да писне ни да вресне, јагненце, жими Ристос!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А требаше и да им рече на старците што останаа под тремот да го чекаат„Христос Воскресе“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сега само отслужи една обична Златоустова литургија, се назова „Христос воскресе“, се причестија луѓето што ги испостиле седумте недели страшните пости, му дадоа по едно јајце на попот за „божиот дар“ што го примија од него и црквата се пушти.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бабата Каља Тушева, редовна и најрана посетителка, веќе прави метании пред Богородица и ѝ се моли да ѝ го поживи сина ѝ и внучињата; дедот Бале — и тој му пали свеќа на Ристоса и го моли да му ги прости греовите што излага толку моми и невести за мажење и што зеде некоја и друга лиричка од такви како Илка Сукала, дедот Мисирлија — не може да најде невести за синови му и почна редовно да доаѓа в црква и да се моли на сите светци; на бабата Цвета Батанџиева невестата ѝ нема малечко еве седум осум години, та и таа клечи пред Богородица и ја моли.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Две румени христови девици се радуваат на воскресението од молитвениците.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Крај портата две христови девици и два молитвеника. Две деца продаваат свеќи. Од олтарот: воскресение.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Попот го зеде тефтерот и моливот од калуѓерот и почна да пишува: „Во лето од рождество не плоти господа и спаса нашега Исуса Христа 1563 прииде во веси сеи богомолец – черноризец, – (како се викаш, оче?) – го праша калуѓерот. – Отец Серафим – одговори овој, а попот продолжи да пишува: Отец Серафим собра милостину од...
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ајде белким ќе не запази Ристос и света Богородица мајчица, та не ќе им падне на ум да го направат тоа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Секоја сабота навечер го палеше кандилото пред Христовото распетие, таму, во дното на малата соба, се молеше за здравјето и за среќата на своето дете и се колнеше дека нема да го пушти синот да оди на печалба во тие проклети земји, макар тука и со корење да се храни.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој се приближи до Христовото распетие, се прекрсти и го бакна. Потоа го отклучи куферот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
ЛУКОВ: (Откако ќе остане насамо со Христов, го гледа со надмоќна, цинична, насмевка.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ВЕЛКОВ: Сечиј живот е како оној на Исус Христос. Прво нѐ сакаат и слават, после нѐ продаваат за триесет сребреници.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Таа мисли пораснал, станал Христос. Го наоѓа во секој град. (На Михајло) Овде си ти.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Исус Христос е резенка црвена лубеница Покрај постелата на старецот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Повеќе