Фејсбук (м.)
Зелкава на Фејсбук машала ми напредува. Уште малку сарми ќе виткаме.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
На ова никој и не обрнуваше внимание затоа што сите погледи беа вперени кон лаптопоите и новите статуси на фејсбук.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Излага у кафич и наместо да комуницира со луѓе, го вади лаптопот на маса, иде на работа и дреме на нет, излага да прошета у природа, а паметот му е на фејсбук топиците.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
- Имам 5 000 френда од кои 4500 пичици - се испофали шминкерот штракајќи по неговиот Шитбери мобилен со фејсбук.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Бог да го бие Цукерберк Марк го направи фејсбук ко луна парк кој бил да моча, кој со кој се смувал дознавме дури и трава кој дувал
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Веднаш потоа на Фејсбук се појавија монтирани фотографии со мојот лик и со голо тело на жена на кое преку срамното со големи цифри беше запишана шифрата 5169.03.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
41. Неколку денови ти пишував пораки на твојот профил на Фејсбук.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Ги подавав рацете кон компјутерот, сакав да ја гушнам твојата слика што ја имаше ставено на Фејсбук. Плачев и плачев…
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Затоа што во Facebook профилот имав милениче, бебе змејче и таква претстава имав за него.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Александар имаше свој акаунт под некое трето име, и одвреме-навреме одеше во Интернет кафе за да се логира на Фејсбук.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
И од сѐ ми се смачи. Ми фалеше забава, ми фалеа комплименти од добри момци, за промена во живо, а не само онлајн на фејсбук.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
16 Откако другарка ми со која поминував многу време замина кај дечко ѝ со кој беа разделени некое време, значи се врати во Соседството, единствена занимација освен учењето ми беше сајбер дружењето на фејсбук.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Работеше на истиот принцип како фејсбукот, само што собираше корисници од земјата.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
На Фејсбук страната некој ми закачил фотографија – јас и пријателот од возот прегрнати ја допиваме мастиката.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Го вклучи лаптопот и се логира на Моето маало, социјална мрежа која пред четири години го замени планетарниот Фејсбук.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)