Скајп м.

Скајп (м.)

На почеток ти е стварно тешко, ама покасно се навикнуваш да ги гледаш у живо еднаш на неколку години. Ако не се рачуна Скајп и Месинџер.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Испаѓа дека почесто гледам негови филмови отколку што се гледам со сестра ми на скајп.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Не знам каков е трендот во светот ама знам дека во Македонија постојано расте бројот на зависниците од интернет кои секојдневно се дружат со нивното височество фејсбук и скајп.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ако во 20 век забавата меѓу луѓето се одвивала на друг начини, преку секојдневна комуникација и дружење, денеска како најбољи другари ги имаме фејсбук и скајп каде од 10 до 15 саати дневно може да драпате и оговарате, а наместо фејс ту фејс да се дружите само преку типките од тастатурата.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Гаврил од САД се јавуваше секој ден. При едно негово јавување на Скајп те замолив полека да станеш и да одиме до детската соба, до комјутерот.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Авни се радуваше на своите внучиња кои му се јавуваа на интернет преку скајп мавтајќи со рачињата за да му кажат: „Вујче те сакаме. Те сакаме вујче Авни!“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Далеку од очи, далеку од срце, нова категорија на врска, во која не мора да бидеш секогаш тазе исфарбана, а за на „скајп“ си ставаш капа или шубара и си муабетиш, или си недостапна.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)