Марселеза (име.)
Во хорот ги пеевме најмногу химните, српската, нашата македонска, руската и албанската, ја пеевме и Марсељезата, и други партизански песни.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Марселезата со интернационалните доброволци последен пат ја пееше на шпанските боишта како член на францускиот доброволен одред.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На изненадување на Татко, Камилски започна да ги пее на француски јазик тие стихови на Марселезата: Quoi! ces Cohortes trangres/feraient la loi dans nos foyers!/ quoi! ces phalanges mercenaire/terrasseraient nos fiers guerriers. (Што! зар овие странски кохорти/ќе бидат закон во нашите огништа! / Што!/ зар овие платенички фаланги/ ќе ги победуваат нашите горди воини).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)