Деница ж.

Деница (ж.)

Неговиот труд и подвиг ги почитуваме и слични пофалби нема кому да упатиме, па иако отпосле светна, сепак надмина сѐ, како и Деница, која иако огрева најпосле, со својата светлина ги облева сите ѕвезди кои имаат сончева светлина.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Та по неа се управува и самиот наш дедо поп Трајко, кој ете, утре ќе стане кај полноќ, ќе излезе надвор и ќе ги фрли очите право кон Српјановец да види дали е излезена Деницата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Најпосле и Велигден дојде. Дедот поп Трајко неколкупати излева ноќеска да види што коа е и таман Деницата се јави над Српјановец, си ја зеде торбичката со алатите и пукарачукара, дојде во црквата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Квачката е излезена до каде 'ржаново, а Деницата тукушто се јавила; треба да има ранко три четири саати.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На исток висеше сочниот портокал на деницата Месецот, како малечко рисче, спитомен и милкав, стоеше со притиснато лице на самиот раб од шумата, готов секој момент да капне зад неа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На исток ѕвездата Деница беше отскочила високо. Ралиците го губеа својот сјај, а Квачката одвај гледаше.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Пред зори, кога Деницата веќе искочи над Перун неколку остени, стигнаа на „Висока“ и беловодичани предложија тука да се денува.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сите ѕвезди слегле од небото и се разлетале наоколу, низ паркот. Дури и ѕвездата Деница.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Имињата на ѕвезда северница, деница и многу други ѕвезди.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Пред заминување, кога двајцата веќе беа простум, Деница покажа на книгата што стоеше најгоре, во платнената торба, во која имаше неколку тетра сокови, парче кашкавал, маслинки и овошје, подвлекувајќи го насловот со бавно лизгање на показалецот по изветвената корица.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Деница го гледаше со широко отворени очи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Многу нешта во кои јас можев да се сомневам беа покривани со односот на Деница кон Крумета.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Од нејзините очи изгрева мајчинска Деница, чеда мои, им вели на децата и трепери грижно и ја печали нивната почит секојпат застаната спроти мене, исправена спроти мене, мамо, велат децата, слушај жено, велам јас.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Пчелките нежен касај ми оставија, ко цветови од црвени усни Во дремката на ноќта, празноглав со стакленици ги потпирав капаците на темнината Во небото ѕвезда Деница светкаше Мракот се стопи во зракот на утрото Со сиот жаргон се обидувам да го спасам денот кој навестува нова мора... залудно
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
И додека се радувам на прилив од сопственото богатство на романтични мисли, дисторзија на времето, го одлагаше крадешкото престигнување на ѕвездата Деница...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Ех, намилост си ја викам ЅВЕЗДО МОЈА и си се приспомнувам на ѕвезденото моминство... а ДЕНИЦА - секој ден да ни е денот - светлина... саде убавина - си шепоти стишено, небаре песна пее - не бидувало гласно да се пее пред Воскресение Христово.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Оф, саде добрина да ни е во домата... саде убавина со домаќинот мој, со синот, со снаата, со внуката Ѕвезда - Деница.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)