Велигден (м.)

– „Немој, мори мајко, не плачи за Силјана, ѝ велел Велко, оти за Велигден ќе си дојде аџија.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Вакви особености не можев да забележам кај мене секако затоа што бев зафатен со другите и премалку се контролирав, кај Димка, едноставното и глупаво момче и кај полугладниот, издрпан студент, апсен на првиот ден Велигден, кому зад грб му се потсмеваше дебелата жена на инспекторот, покриена со голема сламена шапка и слична на отровна печурка.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кога им е празник, нешто како Велигден, Евреите фаќаат рисјанчиња и ги закопуваат во своите визби. Понекогаш и живи деца закопуваат. Не верував.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тој непара го бакареше ни Велигден, ни Ѓурѓовден, не гледаше да извади некој грош, оти требаше, ете, и да „везе“, и да „плете" и да „ткае".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Најпосле и Велигден дојде. Дедот поп Трајко неколкупати излева ноќеска да види што коа е и таман Деницата се јави над Српјановец, си ја зеде торбичката со алатите и пукарачукара, дојде во црквата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Еден од таквите дни беше и Велјата сабота, во која Доста и Бојана навалија котол да приперат, да се измијат, да се дотераат за утре, за Велигден.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дедо ми, кога татко ми бил дете, еднаш цела година му раскажувал на татка како за другиот Велигден ќе му купи едни такви убави чевлиња какви што никој досега не видел.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Одвај чекал навечер по вечера да се истркалаат во постелата и да го помоли: - Тате, ајде да ми кажуваш за чевлињата што ќе ми ги купиш за Велигден.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Го китеше на Велигден со разни китки од предено; му сплете и убави шарени калци; му ја навеза ќурдијата; му ја чешлаше дури и косата претставувајќи си го секогаш своето братче Ѓелета.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Анѓа ѝ исприкажа како порасна во слобода кај мајка си и татка си; како весело и слободно го проживеа детството свое, како радосно работеше на нивните ниви, лозја и градини и се што им се раѓаше беше нивно; како среќна и весела играше и пееше на сретсело на Велигден, Ѓурѓовден и другите христијански празници со своите другачки; како среќна и доволна ја собираше волната од нивните овци кога ги стрижеа, и најпосле ѝ ја откри младата душа до нејзината длабочина и ѝ кажа дека има прво либе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Скопскиот беглер-бег и прилепскиот кадија го скроија планот да ги нападнат бунтовниците на големиот христијански празник Велигден, кој таа година беше доста ран – уште на 26 март.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тодор ја познаваше кулата многу убаво. И тој, и другите селани, често идеа кај чорбаџи Сивета по разни причини: На стриг сите идеа да му пострижат на неговите две илјади и триста овци, за да му го платат мамелето за позајмените педесет сто гроша кога дошол авалеџијата, да не ги тера врзани во Витолишта; за Божиќ или Велигден — да си купат чевли или опинчиња за децата; некој позајмил пари да си купи добитче; и се знае ли на сиромав зошто не му притребале пари?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И не случајно се најдена Велигден во црквата зад Толета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе сака и Митра како турските посестрими да е наружана на Велигден, та не заборави да купи скопец, скопци, синџири и други дрангулии.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
СОЊА: Во фрижидерот има само едно црвено јајце. Велигден беше пред шест месеци.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Млекарки со полни ведра кога се враќаат од молзење и разбој и на него мајка ти врз бесконечната ливада на веленцето што го ткае спроти Велигден да гледаш постапно како никнуваат на милиони цвеќиња, тревки, плодови и незаборавна, точно во тие години, во пределот на првиот допир, да почне една војна, постапно да го изумуваш својот татко, тој да исчезнува низ времето, да потече и крв од твојата нога за да сфатиш дека твоето детство стои допрено како божјак до војна и молчи...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
На Проштени поклади, кога се запостува за Велигден, Григор ми рече: - Вечерва останете, ќе ми бидете гости.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Враќајќи се еден Велигден од црква, го виде детето Маса Ќулумоска и ме запира. 36
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А тие, Англичаните, маските ги хранеле и со рогушки, вели, а ние рогушки јадеме само на Велигден.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- А ден пред Велигден помина селскиот кмет по сите куќи и рече: - На секој чардак на празник и по неделини да се вее грчкото знаме!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Повеќе