Бадник (м.)
Зад третата дабова шумичка, отаден напуштените бачила, живеат горноселаните и докажуваат: гаврановата предвечерна песна на Бадник е песна на смртта. Тешко дека тоа ќе е така.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
На тој смрзнат Бадник, таинствено завиткан во жолта гуња и ретки крпи магла, сликата што минуваше пред човекот мртво се огледуваше во неговите очи; тој беше слеп за сѐ околу себе и газеше како смрт, не можеше да се сети како стана сето тоа?
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Тројца се. И еден. Сами, на планина, на Бадник, во крвава војна.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Да потпораснеш, да се напласти снег повисок од твојот бој, утринум рано со бадник и со торбуле да чукнеш на вратата на дета ти, тетка ти, да ги затечеш покрај огниште, да им бакнеш рака, да те благословат; нешто потоа, како во сон да видиш една огромна смрзната река во која се фрла крстот и по него се фрлаат и неколкумина за да и на овие свои години пак да не можеш да сфатиш дека сето тоа било една обична рекичка, мал јаз, еден поп и еден огромен крст и молитви што се издигаат до небесата...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
И нема ни Бадник, ни Божиќ, нема коледари, нема што да раздадеш, нема што да дадеш. Никој оган не запали во гумната и на роговите од говедата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Никој не спие, си мисли. Како на бадник. Или како на Василица.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Зад третата дабова шумичка отаде непуштените бачила, живеат горноселаните и докажуваат: гаврановата превецерна песна на Бадник е песна на смртта.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
На тој смрзнат Бадник, таинствено завиткан во жолта гуња и ретки крпи магла, сликата минуваше пред човекот мртво се огледуваше во неговите очи: тој беше слеп за сѐ околу себе и газеше како смрт, не можеше да се сети како стана сето тоа?
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Меѓутоа, кога се вратил пред еден Бадник со торба лири и со загноена рана на левата рака од туѓа сабја, по селата со восхит се шепотело дека бил ајдутин и одмаздник.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
(...) Тој иредентизам, во област во која на бадник спонтано се пее O, Tannenbaum!, овозможува одличен пример дека наречјето, наследната конституција или традиција не спроведуваат над поединците апсолутна моќ која инаку на тие чинители им ги подаруваат науките за човекот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Настрана патриотскиот фолклор во кој врз географските карти на Франција истокот се прекрива со црнина, настрана децата што на бадник учат да пеат O, Tannenbaum! во слава на малите Алзашани, настрана школските одреди кои, со бајонети на пушките и со главите покриени со беретки со црвена туфна, дефилираат извикувајќи: „Алзас и Лорена ни ги земавте / но срцето нема да ни го грабнете“ - од тој пограничен сукоб избива еден вистински филозофски спор што останува со најголем значај.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
- Не знам, - рече Барбут- бег зад мене. – Бездруго е јануари, околу Бадник. –Зошто прашуваш?
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Здогледаа млади дабови стебла, со непаднати светлокафеави лисја, - Бадник - препозна Влатко, ама ништо не рече. Договор си е договор.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Од Бадник до Василица, можеби до Водици
ќе нѐ будиш со волшебната музика на сјајот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Работи што се тркалаат сонцето, од пладне до полноќ; тинејџерки на ролерки на кеј лете; ти, во тревата, кога си весел; портокал испаднат од ќеса во гепек; Сизифовиот камен; количката на скалите во „Крстосувачот Потемкин“; нечија отсечена глава; клопчето на Аријадна; оревчиња на Бадник; капка пот помеѓу големи цицки; фудбалска топка во неуспешно бегство од зелениот терен; една солза, па уште една, па две-три; Големото тркало; годините, и ние со нив.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
На Бадник, празникот кој им значеше живот на моите домашни, бидејќи редовно се колеше по едно живинче, оваа година на мојата трпеза се најде едно младо, невино, штотуку од цицка оттргнато јагненеце, сирото толку се беше смалило од печењето што целото така расчекорено со сите четири, го собра во тавата.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Коница, во Епир, ја нападнавме на Бадник 1947 и завршивме со многу жртви; а во Македонија Воден, Соботско и Негуш исто така кон крајот на декември 1948 и излеговме со уште поголем број жртви, а Лерин во февруари 1949 и доживеавме невиден пораз?...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Какви зими, такви рими: жена ми и син ми во туѓина китат елов садник и кршат погача за бадник јас пак сам кмишам дома ко во мечкина утроба трома грицкам виртуелен сладник а татковината ни – гурбетчиски расадник.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)