трн (м.)

Пилци да се сторите и од куќава наша да одлетате, да в поле да појдете по трњето да стоите и еден-друзи да се барате, та да не можете никогаш да се најдете.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И за вистина, синко Силјане, беа се сториле пилци и си пошле в поле да живеат по трњето и катаден еден други да се бараат и да не можат да се најдат и да се видат.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ама оти ги даде сите голи како змија на трн, многу му беше гајле!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Уште по некој ќош од некоја градина заграден со трње зеленее, а домаќините ги прибираат последните „в'ровинки" од уште неосланетиот пипер и патлиџани.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На нонсенсните оратори им бев глочка в око, трн в грло.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Работата за која сакам да го известам мојот господар ми наложува да го направам ова, а еве што: Во мојата нахија се појави трн кој почна да боде во очите на нашата пресвета вера, да ги гази твоите премудри, закони, да го галати нашиот пророк и неговиот наследник – тебе пресветли царе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Што да си клава здрава нога в трн.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- „Го обрав бостанот! Да ги видев порано, ќе се скриев негде крај патот во трњето.“
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Мораме што поскоро да му соопштиме на учителот ... - рече Коле и го зафучи во трњето парчето чоколада.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Гласот доаѓаше од високо, од гранките на трнот под кој спиеше Полжавот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Веднаш зад плевната, на три, четири чекори беше оградата од трње, која сега под снегот не се ни забележуваше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Тоа, колку да знаеш. Ако се најдеш во неволја и со овој трн можеш да преживееш...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Можеш на трн да се набоцкаш, а и на змија можеш да набасаш.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Самата мисла дека на ова столче седеше Адем, Толета уште повеќе го разлути и почна да подрипнува од него, небарем на магарешки трње седна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
11. ГО ДУПИШ СО ОСТЕН, А ТОЈ ВЕЛИ ТРН МИ ВАДИШ - каде ли се сѐ зачекорува со таква здрава нога?
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
4. ТРЕВАТА ЈА ПАСАТ, КОРЕЊАТА СИ СТОЈАТ - затоа и веруваме сѐ во идната пролет: белки врз некој корен ќе израсте билка, која за стоката трње, за луѓето цвеќе ќе е в поле...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Но откако зафати војната, на луѓето умот сѐ повеќе им се сврти кон гробиштата; започнаа да ги оградуваат, да ги чистат гробовите од трње, пиреј, капини, глог, змиорики, повит; зафатија да се натпреваруваат луѓето кој подобро и полично ќе го уреди гробот на својот предок, на своите блиски и роднини; започнаа надгробни споменици од најличен камен и мермер да се прават.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Зад иконата во собата, Висар наоѓаше црковни книги; читајќи ги, му стануваа сѐ поинтересни: соништата сега му беа исполнети со рајски убавини и чуда; тие книги сега не му даваа време да размислува за смртта, за стравот од Зенула; престана да размислува што ќе биде кога ќе му го забуца куршумот Зенула: како ќе изгледа тој бодеж: ќе личи ли на трн, на игла или на врв со нож; и кај може куршумот да го погоди: ако го погоди во нога - ништо, ако го погоди в рака - пак ништо; знае дека можат луѓето и без рака и без нога; но ако куршумот го погоди в глава, в срце, што навистина се случува тогаш со човека: како настапува смртта, како изгледа тој миг?
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И така отидов од градината и камен тежок врз вратничето кладов и трње на појасот ѝ обвив.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
А во Дрмине сето поле беше јавнато од трње и од повит, од батачки и од шамак, одевли и од врбушки.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе