терорист (м.)
Се лажеа. Не бев ни терорист ни диверзнат и не им се плашев.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Сите терористи, според некое глупаво правило, пристигнуваат ноќе.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Сите ние - и ние терористиве и сета онаа мизерија од политичари, патриотари и џамбази и обичните луѓе, како тебе - сите ние сме немоќни пред она што се вика: судбина на Македонија.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Јас еве седум години сум терорист и уште така сигурна рака не сум видел. (Се слуша клучот во вратата.)
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Се лажеа. Не бев ни терорист ни диверзант и не им се плашев.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Сето тоа го снимаа телевизиските камери, а ние овде гледавме директен пренос спрема кој очигледно некоја банда одметници, разбојници и терористи напаѓаа голораки деца, жени и старци што сите се згрозувавме.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Со ширењето на информациите - било да се работи за корпорациски планови или строго доверливи владини операции - тие веруваат дека можат да го спроведат овој нов техноестаблишмент почнувајќи со бенигни социо-политички чувари способни за запирање на глобални операции, до анархисти кои се одмаздуваат поради масовната алчност со пустошење во компјутерските системи - или електронски терористи, подготвени, желни и способни да се осигураат од непријателите со едноставно блокирање на системот.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Кракатау: Ние сме четворица терористи на умот што продираат во вашите ганглии. (се придружува уште еден тип, можеби уредник на станицата, во секој случај не многу луциден)
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Орце неколку пати му изјавил на Гарванов дека ако неговите луѓе (извршните органи на ЦК што ги викале “терористи“ - егзекутори) се обидат да убијат некого од гемиџиите во Солун или во Велес, лично тој ќе одговара со својот живот.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
И уште нешто, поважно, тие решиле по извршувањето на своето дело да одат свесно во смрт, сакајќи на таков начин да докажат дека не се обични терористи туку борци за слободата на својата татковина Гемиџиите ниту можеле ниту сакале да навлезат во суштината на анархистичката идеологија.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
- странските негативци (читај: терористи) се Руси и други екстремни Словени, по некој Германец, Арапин и жолторас, а домашните се поединечни психопати, оптоварени од трауматичното детство; - двојниците на странските политичари – Горбачов со бемка на челото, Садам Хусеин, папата или Далај Лама се омилени епизодисти во пародиите и комедиите; - на крајот од филмот, странскиот криминалец експлодира со стариот дворец (странски), храмот (странски, древен) итн.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Тогаш веќе ќе нема душевно болни уметници и терористи. (Го зема Божо за рака. Го води до големо огледало.)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Во сепарето на демократијата
ќе го читаш синопсисот на
неоколонијалистичките
метаморфози - како се преобразува
терорист во херој.
Софистицираното зло над народите
е симбол на високоразвиените
демократии.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Кој беше Јасер Арафат: херој или терорист?
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)