ризница (ж.)
Збирката ќе му даде можност на нашиот народ да види со што ја обогатил својата умотворна ризница последниве неколку години и ке ги раздвижи неговите творчески сили на тоа поле.
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
Во илјада осумстотини триесет и петтата година, со раѓањето на еден од римските папи Пио (X), (по пет години откако францускиот венеролог Рикор докажал дека луесот и гонорејата се две различни болести), на ватиканската ризница ѝ се бројат или ќе ѝ се избројат околу дваесет илјади дукати како данок од проституцијата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ќе ти раскажуваше легенди. Тој е вистинска ризница.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Задачата на поетите е тој национален гениј да го одбранат од суптилното продирање на странските идеи, да го прочистат јазикот заменувајќи ги германските зборови со латинско потекло со други, чисто германски изрази, да ја откопаат затрупаната ризница со народни песни и, на крајот, во својата поетска работа, да тргнат по примерот на фолклорот, таа состојба на свежина, невиност и совршенство каде што индивидуалитетот на народот е сѐ уште неосквернат со било какви допири и се манифестира со едногласие.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
И додека полека се отвора ризницата на портокалите исечени врз сртот на планината и додека го вадиме првото неочекувано ковче од мекото месо од телото на рибата, сега веќе во нашето тело едно ненамерно - намерно подбуцнување со зелено стапче мало ситно ништожно, го буцка нежното тело на вжарениот трупец и тој од покос се отвора пред нас со величествената светлина и топлина од неговата утроба, паѓа.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Се отвора оваа ризница од жештина, топлина и сила.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
И така сѐ до смртта на долниот бабар, една од најубавите епизоди на нашата фолклорна ризница, во која телото на умрениот бабар симболички се распарчува; претходно, гатачот го обвинува домаќинот за смртта на бабарот: „Алему бале, пците му го клале, кај тебе ата ме најде, штета ми се штети, здрав го доведов другаров, а овдека мртов падна.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И потоа, со текот на времето, овие предмети, кои веројатно ги имате сѐ уште, се чини дека станале ризницата во која запреле душите на вашите родители, така што ви се случува во нив да ги барате.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Уметничкиот опус и политичката дејност на Стојан Христов за македонската кауза остануваат и во иднина драгоцености кои што ги обликуваат неговите вистински вредности и како такви веруваме дека и понатаму ќе привлекуваат книжевници и политички аналитичари заради додефинирање и градење на точен суд за неговиот придонес кон богатата ризница на македонската и светската литература, како и за неговите активности во поглед на афирмацијата на самобитноста на македонскиот народ и на неговата државност.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Религијата е ризница од претстави настанати од потребата човечката беспомошност да се направи поднослива, создадени од материјалот на сеќавањата на нашето сопствено детство и детството на човечкиот род.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Скини ме кога мирисот и цветот ќе ја отворат својата тајна ризница.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- МАКЕДОНСКИОТ ФОЛКЛОР е неисцрпна ризница на сижеа и мотиви за најразновидни поетски и прозни умотворби.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)