проповед (ж.)
Гласот му беше темен кога ѝ рече: „Се шегуваш кога говориш за иднина. Иднината е попска проповед.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Во селото Старавина утринава поп Јаков служи литургија, држи проповед, та досега доцна ја пушти црквата, од која почна да излегува народ, крстејќи се пред иконата на св. Богородица над самата врата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
И ние сме луѓе. И нашата желба е пробојна. - Проповед на црвците. - Исповед, будало.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А таму, на Рамник на Горник, над отворениот гроб на мајка си, одржа една проповед во која првин ги нападна грчките владини и писмо, а потоа ги искара и татка си и сите потковичани што допуштиле да бидат измамени од еден туѓинец.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Накратко - овде говор, таму беседа, сегде проповед!
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Модерната коинцидираше со пронаоѓањето на смеата, која што и ден денес се наметнува како највозвишена форма на една навистина среќна и превратничка уметност, изложена на моралните проповеди како на новите конзервативци, така и на догмите на авангардата.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Христијанската доктрина учи дека човекот мора да го загуби својот живот за да го пронајде, и тоа не е чиста софистичка проповед од Отсекот за изгубени и пронајдени работи, бидејќи човек стварно може да пронајде нешто што претходно не изгубил: паричка во трева; порака во шише адресирана на некого; совршено добар пар женски наочари за сонце на пет метри длабочина на еден корален остров и, плутајќи блиску, палимпсестна страница од некој роман или кус расказ (повеќе читлива отколку разбирлива, барем вон контекстот, наспроти потопувањето), како некоја сирена да е прекината среде читање; сјаен нов животен партнер; наративен глас со кој може не само да се почне туку и да се продолжи понатаму и понатаму и понатаму предвидливата приказна.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Големите „грешници“ меѓу маниристите, како Гонгора, Марино, Дон, пишуваат религиски песни и проповеди преполни со кончети, а Љубовта станува неисцрпна тема за моралната казуистика.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Светот не би постоел без нив“, ја заклучил својата разумна проповед Капетанот тресејќи ја изгаснатата лула од оградата на бродот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Таму, пред Агрипа, од сите што го слушаа додека раскажуваше за своите проповеди, стана само Фест, но наместо да го поддржи, гневно се развика: „Си побудалел, Павле!
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Но Петар, како човек кој во душата никогаш не го засака пишувањето, оти се раѓаш или како писател или како рибар, не сфати дека не е важно дали сите тие луѓе кои жедно ги голтаа нивните проповеди и поуки ќе им ги разберат зборовите токму онака како што тие, проповедниците на Радосната Вест, сакаа да бидат разбрани.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Ние, децата, в куќи, речиси и не добивме посебно некое верско образование, низ проповеди и молитви.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Не мислам само на проповедта за праведноста, што толку упорно ја повторував; ниту на оние мои неумесни критички осврти што од страна на другарите беа оценувани како задоцнети согледувања, или како преуранети сигнали, туку пред сѐ мислам на она мое непресметано вплеткување во случајот Басотови.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А ибн Бајко се расприкажа, зашто и знаеше многу да каже, дури и за себе се расприкажа не само за овој или за оној, кажа за Јосиф и папучите на Гази-баба, кажа, како многу упатен, и за турбето за кое Гази-баба толку долго си бараше место за најпосле и да го изгради, и дека како вљубеник во Скопје сакаше турбе баш како на Хинду-баба кој ги држел пред него најпознатите проповеди во градот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Живеејќи далеку од секоја писменост и веронаука, религиозни проповеди, а сепак знаеја и сѐ за Бог, Божјите Закони, Десетте Божји заповеди, за принципите на живеење согласно Бог.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Заради нив тој го научи сефардскиот, иако ритуалот во синагогата го врши на хебрејски јазик, а проповедите на англиски, кој и по толку децении го говори со заостаток од германскиот јазик и јидишот, еврејска варијанта на германскиот, во посебни пригоди знае да проговори и на ладино, јазикот на основачите на неговата синагога.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Програмата, драги гледачи, продолжува со реклами за ретардирани, бесконечни репризи на Френдс, музика со пејачи у ѕвонарки и крагњи „додирни ми колена“, преноси од погоренаведените најбитни спортови, свештенички проповеди на сите јазици, телешопинг у неограничени количини, понекој филм со Бастер Китон и Марлен Дитрих, па пак реклами за уште поретардирани...
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
И овде одржал повеќе проповеди пред голема маса народ.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Култот на Јахве, според брат ми, меѓу Евреите го раширил мадијамскиот овчар кој имал исто име како и египетскиот водач - Мојсеј; но овој, вториот Мојсеј, под чие водство еврејскиот народ ја освоил земјата хананска, проповедал Бог кој бил потполна спротивност на Атон: Јахве бил обожуван од арабиското племе Мадијамци како „страшен, крволочен демон кој се појавува ноќе, додека избегнувал дневна светлина“; „суровиот, тесноград, локален Бог, насилен и крвожеден, им ветувал на своите поклоници земја ‘во која тече млеко и мед’, ги повикувал да ги истребат ‘со оштрицата на мечот’ нејзините тогашни жители”, сосема спротивно од проповедите на египетскиот Мојсеј кој на Евреите им дал “поинаква, продуховена претстава за Бог, идеја за едно единствено божество кое го опфаќа сиот свет, божество кое е исполнето со љубов подеднакво колку што е исполнето со моќ, и кое на луѓето како највисока цел им го поставувало животот во вистина и праведност”.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Братот се сврте. – Ова? – праша. – Да. – Жалам, но тоа не можам никому да му го кажам. – О, сигурно ви забранил отец Ксавиер? – Не. – Па, тогаш би можеле да ми го доверите тоа, бидејќи јас неодамна ги слушав проповедите на отец Ксавиер и станав еден од вашите верници, како што можете да видите.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)