прифатен прид.
прифати св.

прифатен (прид.)

Тогаш беше изработен всушност таканаречениот „Закон за европските вилаети”, кој, меѓутоа, беше одбиен од султанот, па тоа одбивање после беше прифатено и од самите големи држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
(Свирачите прво ја свират аријата, потоа пеат прифатена од присутните.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Така, колебливо, мрсен Петко бидуваше де овој де оној додека најпосле со кикот не беше прифатен играта, а децата на полјанката под коријата изгледаа како од кошара побегнато улиште што нашло тука слободен простор за луда, невоздржана игра до наситување.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ами, што ќе правиш: прифатен човек, не знаеш ни што мисли, ни што прави. И така чекам да се стемни.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Организациите за вампирски права и заштита во извесни земји широко се прифатени.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Ние, најпосле, бевме прифатени во Козар маало...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мошне е важно, особено ако се земе предвид општо прифатениот став на еден дел од младата публика којашто има позитивен однос кон марихуаната, иако ретко или никогаш не ја користи, дека марихуаната е во тесна врска со многумина најдобри поп музичари, вклучувајќи ги и Beatles и Rolling Stones.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Имено, овој автор е првиот што почнува да издава романи што полека ќе бидат прифатени и од реномираните издавачи, оние што објавуваат книги.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Зошто со оргазмот, за Егото постои опасност од разградување на психичката сексуалност, која би се распрснала кога врз неа со жестина би почнало да делува недоволно прифатеното биолошко тело.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во почетокот на овој век, прифатен речник во теоретските расправи од психологија беше бихевиористичкиот, кој стриктно ги елиминира разговорите за верувања, желби и намери.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Како што во деветнаесеттиот век беше тешко да се предочи какви можат да бидат нештата без приватна сопственост, во осумнаесеттиот и раниот деветнаесетти век беше релативно лесно да се предочи еден свет без робови и ропството да се смета само како остаток од варварското доба - морално неподнослив за нашироко прифатените интуиции.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Расправајќи за науката тој забележува, „Општо прифатените претпоставки се... сосема зачудувачки и несфатливи предрасуди.”
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Во медитеранскиот простор луѓето од различни религии (милостиво прифатени, во поголем дел, од римскиот пантеон) почнале да сонуваат за објавата примена во зората на човечката историја.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Фракталите веќе имаат важно културно влијание и прифатени се како нов вид на уметност.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во светлината на работата на Берг и Харне таа теорија е изменета поради прифатеното психолошко влијание.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
За време на Студената војна, голем број уметници емигрираа на Запад, и лажното уверување дека МОДЕРНАТА УМЕТНОСТ, без разлика дали доаѓа од Исток или од Запад, е толку универзална што може да биде класифицирана под исто име: тековен -ИЗАМ, стана општо прифатено.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
А кога сеќавањето откажало и кога записите се фалсификувани - кога сето тоа се случило, тврдењето на Партијата дека ги подобрила условите за човековиот живот мора да бидат прифатени, затоа што не постоеше повеќе и никогаш повторно не ќе може да постои каков било стандард со кој тоа ќе може да биде проверено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Немаше начин да се дознае чија верзија ќе биде конечно прифатена, но беше длабоко уверен дека тоа ќе биде неговата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа проповеда презир спрема работничката класа, беспримерен во изминатите векови, а ги облекува своите членови во униформи - комбинезони, кои своевремено беа типични за физичките работници и кои токму затоа и беа прифатени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Предлогот беше прифатен.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Повеќе