остаток м.

остаток (м.)

ТЕОДОС: И вино... (Пивнува малку и го истура скришно остатокот на раката што му ја бацуваат Циганите, па ја брише скришно.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Кога се крева завесата Митре е испружен на миндерот потпрен на една перница и задуман пуши, додека Мара ги прибира последните остатоци од голема софра на која вечерале жетварки. Време околу дваесет и три часот.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
„Свири“, рече и го изгасна остатокот на цигарата во празната чаша.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И ноќта и патот и копнежот со мене се остаток од нешто што ќе биде.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Одиш по улица и ти се чини дека сака да те поваса, да те потоне во калта трпеливо и без остаток.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Во Арсо се покренуваше жестина да ги изгази овие ломливи и мувлосани остатоци на некогаш високи велможи, понизно послушни пред својот господар, жестоки кон обичните мали луѓе, заплеткани во интриги и измами.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Беа само ретки и сосема ситни снежинки, како да се дотресуваа од дното на небото последните остатоци.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кај него беше и тоа бунило, како што беше најсилно и сѐ друго, и машкоста, и инстинктот со најмалку напор од сите да изнајде нешто, со што ќе ја засити и својата глад, а и гладта на другите, со крвавите остатоци зад себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тука ги најде и остатоците од едно старо седело и огнето од нив сосема порасте, така што сега веќе можеше да му го стави и најсуровиот прат, што го скрши околу себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А таму немаше многу што да се види. Крв, крв и овд-онде по некое бело и по некое сиво влакно, единствени остатоци од мртвата овца и кучето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Остатокот од пешникот ѝ го подаде на Мара и потоа тројцата засркаа од гравот, држејќи ги во едната рака коматот леб, во другата лажицата. Братучедите лакомо јадеа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Гледаш, остатоците од мозаиците, оној ѕид покрај кој сега копаме, ќе нѐ доведат до нешто значајно...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
За овцата, која беше изнемоштена, ослабена, Бојан смеша малку трици со сол и додека другите овци ги собираа грижливо остатоците од сеното во јаслите, тој го крена малото јагне и го пренесе во кошарата. Блеејќи, овцата одеше по него.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Пред овие луѓе јаваше човек на бел коњ, по него три четворица на маски, а остатокот од пет шест души наоружани, но измешани со селани мариовци со бели гаќи и широки кошули.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но кога наполно ја изгради и кога требаше да се всели во неа, да го мине во неа остатокот од животот, качаците го уценија да плати големи пари.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Живеете остатоци од нечиј туѓ живот. Пикнати во џеб.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Првин јадеше секакви остатоци од јадењето, или лепче и сиренце.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Брат ви Андреја спаѓа директно и без остаток во таа класификација, а и вие не сте подалеку, иако сте вие сепак друг случај.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Се појавија и уличните чистачи, кои ги собира остатоците од камења, испокршени стакла од шишињата, па и сѐ друго што останало тука, како трага од демонстрациите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И постојано гледаат во дувалото. Дувалото е остаток од некогашен кратер, од некогашен вулкан кој во своето време бил активен, но се смирил, згаснал и создал околу себе плодно земјиште кое обилно раѓа сѐ.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Повеќе