латица (ж.)
Се завиткуваат во перја на мртви птици, во мртви латици од гладиоли.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
И сите ја чувствуваат големата промена што го навестува плодот и итаат веќе по млечниот пат на латиците во воздухот.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
2. Лист испишан, ангел насликан, Огледало за душите, Врз кое се здушиле Добрата и топлината Сјајот и светлината Сенките и виделината, Играта на латиците Со песната на птиците.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Латици од облеката ни останале запнати по трњето, чавките ќе прават седела од косите наши.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И пак: Во Жешов раскошно расцутеа дрвјата, а ветрецот расејува снег од латици низ просторот, поигрувајќи си со нив, а потоа оставајќи ги да паѓаат по крововите, по жирадоата, елегантните женски шапки на минувачите, по јармулките и црните рабински капи со широка периферија, на рамениците од старците што на пријатната пролетна сончевина забораваат на својата возраст и живо дискутираат на својата пролетна променада, во очите на госпоѓиците, и во нејзината душа која е смирена и иполнета кога е во тој питом предел за кој не може да престане да го мечтае и сонува...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Илјадници латици од јасминовите бело-синкави и розови цветови се преобликуваа во голем букет од кој се ширеше силната јасминова миризба.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)