израз (м.)
97. Израз во рускиот јазик: против својата желба, со тешко срце, со страв.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тие Македонци и им дадоа израз на своите убедувања за македонското прашање со издавањето на весникот „Балкански гласник” во Белград во 1902 год.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Го придружуваа две жени со ропски израз на лицата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Го обликувавме шаторот, ги наслушнувавме туѓите чекори и правевме љубезни изрази на лицата. Никој не ни обраќаше внимание.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- Оти и така седам без работа, - имаше обичај да рече со израз на човек осуден цел живот да се чувствува должен за доброто што му го сториле.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Сочното прикажување на дедото проткаено е со современи изрази и ме расонува.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Вие не можете да замислите што чувствува излажан човек. Не излажан, тоа е слаб збор. За такво чувство нема израз.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Долго, без израз и мисла, гледаше во неа.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Таа ја подигна главата и ме погледа со таков израз во очите кој ме вкамени. Но веќе имав започнато.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Тоа имаше суров и во исто време маченички израз.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Наеднаш гласот му добива цврстина - установен, завршен израз.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Да влезам како питач со тажен израз и подадена рака - молам пари и љубов; кога ќе станам економ на едно планинско градилиште ќе ви пратам света планинска водичка и чесно ќе се оддолжам.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Никако не може да привикне на коњакот, но сега го пие, обидувајќи се да му даде на лицето израз, онаков, задоволен, како да овој напиток му е најомилен.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Таа мисла долго не се задржуваше и не водеше до никаков израз на волјата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Но тој насмев остануваше наполу, замрзнат, зачуден, со одвај дофатлив израз на навреденост и збунетост.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Знаеше секој израз од неговото лице, секоја сенка во неговите црти, имаше еден постојан впечаток дека го гледа пред себе тоа лице, а додека ги изнаоѓаше неговите зборови, на Змејко му се причинуваше дека тој го зел на себе дури и омјазот на оној старец.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Таа се сврте кон мене со зачуден израз на лицето. Нешто не ѝ се допадна во тоа што ѝ го реков.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
По изразот на неговото лице не можеше да се сфати дали е вкусно или не.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Беспомошно се погледнаа. Изразот на нивните лица полека почна да преминува во плачливост.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Со Мишко ќе биде сѐ во ред. (Станува и сега изразот ѝ е сериозен)
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)