истави (св.)
Последниве можеа да се истават или како нешто средно помеѓу Србите и Бугарите, т.е. ни Срби ни Бугари, а просто Македонци или Македонски Словени, или како Срби.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
О, боже, што да чинам, поарно и јас малку да се иставам дури да се расони, оти што се вели: сонит — манит, полош и од пијан (Излегува.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Митра го истави грнето од огништето, го зеде ѓумот со вода и леанот па им тури да си ги измијат рацете.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Јован Ѓуров како орел на мрша се прибра до над село и чекаше да се истави волкот за да долета да колвне некој сокол.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И се истави еден чекор назад уживајќи во збунетоста на другарот, во неодредениот поглед со кој тој ја мери старицата.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Глигор ги истави дланките и рече: - Живеј си како што знаеш... други се виновниците.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Војникот им ја отвори вратата и пак се истави од патот.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Но претчувствувајќи дека Бахтијар ќе ги насочи потерите по побегнатите кон север чети, тие не се задржаа во Крушевица; ниту Толе се раздели од Андона да прејде во својот „пашалук" преку Црна, бидејќи пред два-три дена таму го бркаа; но заедно со Андона се истави до селцето Вепрчани, на границата меѓу мариовските и дренско радобилските планини, та ако дојде некој зорт, да ги фаќаат нив, бидејќи тие не беа уште газени од потери.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Да се иставиме, туку каде ќе се задржиме кога ќе се раздени и кога ќе нѐ поткачи Бахтијар? — му упадна Митре Влавот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Капата, бре пес! — го искара Крсте детето и ова го симна од главата својот извалкан фес и го прибра барутот и сачмите, а откако се истави од Шаќира, си ја нарами кремењарката, фати горе Жиовскиот дол, та си отиде дома, мислејќи во себе.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Но кога ќе ги иставеше очите од книгата, кога ќе погледнеше кон прозорецот, кога ќе го видеше разбеснетото езеро како рика и како ветриште го нишаа и го корнеа прозорецот, повторно го обземаше страв од смртта.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Се мачев да издржам и натаму не иставајќи го погледот од улицата од каде што требаше да дојде нашата мајка.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Вера не се иставаше од неа. Држејќи ја со рацете за рака и ја милуваше косата и ѝ го ладеше челото со водена крпа.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Вера и натаму не ги иставаше очите од моето лице, како од него да сакаше нешто да разбере.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Се иставам назадгазум и алкам да се фатам за нешто со рацете. Да си помогнам. За да не паднам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Молчи Јоне, трај Бошко на черен, господ бил пред мене, си мислам, и се иставам од местото.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Не, бре, Јоне велам, пак ти сакам да бидеш зет, на сите свадби само ти да бидеш зет, велам, и се иставам. И вистина не го лажам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Му ја стави раката на гради, мислеше само да го потурни за да си направи пат, но Богатин, иставајќи се наназад, сам од себе си падна, изгледа се засопна и падна.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Максим Акиноски се истави од прозорецот, оди кај масата,се наведнува над цртежот прострен на неа со намера да продолжи да црта, но веднаш потоа со брзи и долги чекори пак се враќа на прозорецот и лут на себеси, првин што се зафаќа да ги слуша гласовите на лишките, а потоа што подлегнува на народските верувања во нивните способности да искобат нешто лошо, го гледа Васила Митрески кој постојано навалувајќи се на лева страна, на страната на покусата нога, откај `рвениците и низ огратчето оди кај копите во гумното.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Иако ослабена врската, што се вели, Горачинов не ми се истава од мислата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)