брада (ж.)

Бугарската младеж овде ги употребува сите свои сили и средства да се покаже напредничава, т.е. социјалистичка: долги и бесмислени говори, долги коси и убаво исчешлана брада, црвена или сина руска кошула и др.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А знаеме дека тој милостивникот е со бела брада.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
И веднаш ќе се обратеше кон некоја жена, мрдајќи со русата брада, а во влакната трошки: - Мадам, милостива, пардон.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Таа толку брзо го изговори тоа, дури и Баждар се збуни и шмркајќи зад брадата се доближи до мене и се потпре со едната нога на ѕидот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ковчестото грдо лице му го покриваше сива пајажина на првата брада.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
— Јас, рече, не а сакам наа роспиа за Крстета, да ми а погани она мене брадата, а јас да дрема. Тоа не може да биде дури су жив.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе се измие надве-натри, колку да се порасони, ќе ја заврти косата со еден дрвен чешел, ќе ја позамазни брадата и мустаќите — колку да не му влегуваат во устата, — и, ако не служи литургија, ќе си го наполни големото ѓезве кафе, ќе си го испие сам и ќе ја нарами торбата со „алатите".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Јас си го гледа моето Толе со мустачињата, та за туѓа брада ич не ме боле. — Се правеше Доста рамнодушна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тамам се расположи, ја одврза шамијата од под брадата, и кога беше готова да се предаде на пријатноста на ладот,чу како нешто во коријата зашуме.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Носел и златен ѓердан, но децата не го видоа кое од страв, а кое и затоа што му го покриваше брадата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
На главата имаше голема бела чалма, очите убави помалку заматени и страшни, а брадата му ги покриваше градите дополу.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Уште само гркланот му играше под остро подадената брада.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ја фати меко за брада и ѝ се загледа в очи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не гледаше, знаеше дека војникот има млако исфрлена, скоро невидлива оцртана брада.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Има брада. Не личи на птица.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога се исправи со стиснати тупаници за првпат го виде неговото лице со ниско чело умни, повеќе потсмешливи отколку насмеани очи и усни, што не беа калап за забите, ни мера, рамномерност, соодветност за женскиот нос и меката брада.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Еве нѐ пак - седиме на Монпарнас но за сега молчиме. Од кај шанкот нѐ гледа човек со модра сенка спуштена од десната веѓа до брадата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Други пак луѓе, сосема спротивни на првите: добро угоени, избричени или со убаво потстрижени бради, измиени, богато облечени; со широки чоени или кадифени потури, со свилени појаси, со срмени елеци и севозможни златни и сребрени накити, со пиштоли за појасите, гордо се шетаа низ пазариштето броејќи ги по стоти или илјадити пат килибаровите броеници со меките и чисти прсти.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Овој се намурти кога Анѓа го фрли ибрикот и стана простум, тресејќи ја својата побелена брада со јад и силно се провикна – Тука да се донесе таа кучка врзана – и строго ѝ се овргли на Ајша, оваа излезе низ вратата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Напред колоната јаваше на зелен арапски коњ прилепскиот кадија и беглер-беј Арслан ефендија, средновечен човек на 40-45 години, строен Турчин, со одвај пробелени брада и коса, живи големи црни очи, долги засукани мустаќи, широко чело и плеќи, малку покус врат, добро угоен, богато облечен по ориенталски, со голем турбан на главата и сребрени пиштоли за појасот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Повеќе