акционер (м.)
Всушност, ако владеењето на 50% од капиталот е секогаш доволно за контрола над акционерското друштво, тогаш на раководителот му е доволно да има само 1 милион за да може да контролира 8 милиони капитал кај „друштвата- внуци“.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Добриот Агад длабоко е индигниран од тоа што берлинските банки во своите раце го имаат мнозинството од акциите и што поради тоа руските акционери се немоќни.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Како што се утврди, управата, без знаење на акционерите му дала на заем 6 милиони марки на едно од своите „друштва-ќерки“, „Хајсија“, чиј што номинален капитал изнесуваше сѐ на сѐ неколку стотини илјади марки.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Поинаку речено, така објаснуваат овде, својата економска самостојност не ја претопувај со својата безличност во некој голем концерн, труст или акционерска компанија.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Се определив за банкарство и отворив акционерска банка во Куманово.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Лојери, акционери, пропаднати музичари, несфатени сликари...
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Акционери сме а немаме право на акции, немаме пристап до методот како се пресметува вредноста на акцијата, не ли пак да одлучуваме како акционери!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Друштвото може да има еден или повеќе акционери (чл. 272, ЗТД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
3 Од денешен аспект, кога компанијата е во лоша финансиска кондиција, акциите имаат незначителна вредност – но постои кривична одговорност која непосредниот извршител како и неговиот наредбодавец мора да ја сносат и соодветно да обесштетат околу 200 работници- акционери.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Државата, до ден денес, остана да биде втор најголем акционер – со 46% од акциите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Многу му должеа на Речникот на Флобер. Најмногу се смееја на одделни толкувања на излитените идеи како: Акционери: Сите крадци!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)