абортус м.

абортус (м.)

Ме прегледа гинеколог. — Не може абортус, вели, детето е во поодминати месеци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа ги отсликува добрите страни на оваа препорака применувајќи ја на проблемот со абортусот и злото од нуклеарната војна.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тие на различни начини трпат негативни влијанија од нив, какви што се влијанијата од елиминирањето на правото на абортус во Полска и неговото ограничување во поранешната ГДР како последица на вклучувањето на ГДР во обединета Германија.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
А вината всушност била кај неа: од многуте абортуси што ги имала во младоста, сега ѝ се светеле.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во овој контекст евидентно е дека партискиот апарат со најголем буџет за телевизиска кампања и маркетиншки способности за концентрирање на најтелегеничните, најповршните, најнакитените, злокобни теми (абортус, дроги, ветувања за лојалност, училишни теми, ослободувања од царини и шовинистички воинствен национализам), ќе се вивне во пировата победа со добивање на 25-процентното „мнозинство“. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 53
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А ти, значи, што доби? Го искина животот покрај човек нечувствителен кога си ти во прашање, ете, паметам, една вечер, иако сите бевме поднапиени, се вомјазивме кога наеднаш тој стана и рече: Абе, што сторив, требаше уште во дванаесет да ја земам жената од абортус...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
за кучето кое од мирно седење почнува да повраќа, за папагалот розела кој умираше од глад додека некој не му го потсече клунот, за моите болести и абортуси - за сето тоа бев надлежна јас, јас сум била тип жена сопруга, тој просто ме препознал во таа квалификациона група што ја предвидувала некоја научна студија за типови на жени...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Застанаа малку на страна, покрај плакат кој рекламираше поволен кредит од С-банка, под кој случајно ѕиркаше зборот „Убиство“ - остаток од постер против абортусот кој бил тука пред него.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Тогаш Зигмунд ми кажа дека најбогатите, благодарение на влијанието и парите, можат да го избегнат законот, кој забрануваше абортуси.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не сакам да го изгубам детето во тајниот оддел за абортуси.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Конзервативец е човек кој пропагира семејни и конзервативни вредности, а во меѓувреме дели тендери, брка швалерки, плаќа абортуси и нема ниедно дете, а од религиозност практикува само крст кој му стои закачен на ретровизорот од џипот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Многу ми го фалат бабо курвичето твое курвичето твое бабо ептен малолетно целиот град бабо слушам бил со него со твоето курвиче бабо малолетно Ај што е малолетно не е толку штетно курвичето било бабо куриозитетно паметно ти било бабо и премногу спретно директори и господа ги служело дискретно Ајде дали знаеш бабо кого чуваш в куќа техничарче право бабо била твојта внука од куќа во куќа бабо внука ти е блудна по неколку абортуса и еве пак е трудна
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Се чини дека го плаќаат данокот на непромислениот абортус од студентските денови.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сите филмови без цензура и монтажа директно ќе влегуваат во конкуренција за најдобар во маало, во месна заедница, а најдобрите што ќе испливаат на површина како награда ќе добијат пофалница со повратница во спална, и гратис абортус, ако е трети во тековната година.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Самата помисла за абортус отпадна уште додека ги слушаше зборовите на сестрата на гинеколошкото одделение.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Жал ми е! Но би сакала и вие да ме сослушате до крај. Влезени сте во бременоста каде со закон е забранет абортус...
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За наталитетот и абортусот Ова со наталитетот многу ме бендиса.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)