бакшиш
мн. бакшиши
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 4712
1.
Подарок, дар, награда за направена услуга.
Примери:
Снаата ќе донесе безброј бакшиши.
Купи бакшиш.
Слично со:
награда (ж.)
2.
Паричен додаток, награда што се додава кон цената на услугата.
Примери:
Му остави голем бакшиш.
Го брои бакшишот што му го дале.
Ситните пари ги оставаат бакшиш.
Слично со:
напојница (ж.)