просо

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 10019
1. Житно растение со плод од ситни, мазни и сјајни зрнца во повеќе бои.
Латински: Panicum miliaceum Англиски: Proso millet Албански: mel
Употреба: Ботаника
2. Зрното од ова растение.
Англиски: Proso millet Албански: mel
Употреба: Ботаника
Примери:
Земјата повеќе не раѓа просо, тиквите крај реката не се сочни како некогаш а и биволите се сѐ послаби.
Изрази
(посл.) Гладна кокошка просо сонува - кој што си мисли тоа го посакува.
Суши просо на ортома.
Ако се плаши орачот од врапците, не сее просо - ако однапред предвидуваме лоши последици не би требало ни да ја започнеме работата.