баеги

Вид збор: Прилог
Ранг: 12291
1. Не е многу, ама пак е значително повеќе од нормалното.
Англиски: considerable Турски: bayağı
Употреба: Разговорно
Примери:
Баеги работа свршив.
Баеги ме боли ногата.
2. Многу, ама не сака така да се нарече, дури се мисли и дека е повеќе од многу.
Англиски: plenty
Употреба: Разговорно
Примери:
Баеги пари потроши за свадбата.
Баеги гласно зборува.