јарбол

мн. јарболи
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 15025
1. Вертикална конструкција, метален или дрвен столб, на палубата на брод на кој се распнуваат едрата, се подига знаме, сигнални знаци и сл.
Англиски: mast Албански: direk, shtizë
Примери:
Едрилица со пет јарболи.
2. Вертикално поставен метален столб на кој се истакнува знаме.
Англиски: flagpole Албански: shtizë, direk
Примери:
Знамињата се вееја на јарболите.
Изведенки
јарболен прид.
јарболна
Пример: јарболно место