епизода

мн. епизоди
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 4180
1. Случка, настан што претставува само еден дел од некаков крупен настан, случување или раскажување.
Англиски: episode Албански: epizodë
Примери:
Вакви епизоди во неговиот живот имаше многу.
Интересна епизода.
2. Дел, продолжение од телевизиска емисија, од сериски филм.
Англиски: sequel Албански: epizodë, vazhdim
Примери:
Серијата е составена од четири епизоди што се емитуваат секој понеделник.
Нова епизода од серискиот филм што го гледаме сите.