бомбардира

бомбардираат; бомбардирајќи
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ранг: 10808
1. Исфрли, исфрла бомби од авион, врши бомбардирање.
Англиски: bombard Албански: bombardon
Употреба: Воен термин
Примери:
Италијанците ја бомбардираа пругата и урнаа дел од тунелот.
2. нападне, напаѓа, засипе
Англиски: overwhelm Албански: bombardoj, sulmoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Девојчето го бомбардираше со прашања.
Изведенки
бомбардирање ср.
мн. бомбардирања
глаг. им.
Пример: Бомбардирањата ја разурнаа целата населба.