Религија - категорија

табернакул повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Уметнички изработен сандак каде што се чуваат осветените поскури.
Латински: tabernaculum Англиски: tabernacle Албански: tabernakul
Место за богослужба на некои христијански секти (мормони).
Англиски: tabernacle Албански: tabernakul

табу повеќе

мн. табуа
Вид збор: Именка, среден род
Кај примитивните народи - забрана што се става над некаков предмет, збор, над некакво дејство.
Англиски: taboo Албански: tabu

Талмуд повеќе

(едн.) Талмудот
Вид збор: Именка, машки род
Зборник на закони и верски правила на Евреите настанат после Вавилонското заточеништво.
Англиски: Talmud
Примери:
Чита во Талмудот.

творец повеќе

мн. творци
Вид збор: Именка, машки род
бог
Англиски: Creator Албански: Krtjues

теизам повеќе

(едн.) теизмот
Вид збор: Именка, машки род
Религиозно учење, според кое бог, како посебна личност и разумна сила, го создал и го управува светот.
Англиски: theism

теист повеќе

Види и: теизам (м.)
мн. теисти
Вид збор: Именка, машки род
приврзаник на теизмот
Англиски: theist

теистички повеќе

Види и: теизам (м.)
теистичкиот
Вид збор: Придавка
Од теизам и од теист.
Англиски: theistic

текија повеќе

Види и: теќе (ср.)
мн. текии
Вид збор: Именка, женски род
теќе
Англиски: Tekkie Турски: tekke

теозоф повеќе

Види и: теозофија (ж.)
мн. теозофи
Вид збор: Именка, машки род
приврзаник на теозофијата
Англиски: theosophist

теозофија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Посебно религиозно-мистичко учење, божанска мудрост, осознавање на бога по пат нанепосредно духовно набљудување и задлабочување во себе и во вонсетилниот свет.
Англиски: theosophy

теозофски повеќе

теозофска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на теозоф и на теозофија.
Англиски: theosophic

теолог повеќе

мн. теолози
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист по теологија.
Англиски: theologian

теологија повеќе

(едн.) теологијата
Вид збор: Именка, женски род
богословие
Англиски: theology

теолошки повеќе

теолошка
Вид збор: Придавка
богословски
Англиски: theological
Примери:
Теолошки студии.

теќе повеќе

мн. теќиња
Вид збор: Именка, среден род
Молитвен дом на дервиши, дервишки манастир.
Англиски: tekkie Турски: tekke Албански: teqe

Тора повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Првите пет книги од Библијата (петокнижје) кои се темел на еврејската религија.
Англиски: Torah

тотемизам повеќе

тотемизмот
Вид збор: Именка, машки род
Култ на тотемот.
Англиски: totemism

трансценденција повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Тоа што е вон реалноста.
Англиски: transcendency Албански: transcendencë, përsosmëri
Примери:
Транценденцијата на Господ.

троединство повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Единство на три во едно.
Англиски: Trinity
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш