Религија - категорија

рабин повеќе

мн. рабини
Вид збор: Именка, машки род
Еврејски свештеник.
Англиски: rabbi

рабина повеќе

мн. рабини
Вид збор: Именка, женски род
Божја слугинка.

рабински повеќе

Вид збор: Придавка
Кој се однесува на рабин.

рај повеќе

(едн.) рајот
Вид збор: Именка, машки род
Според религијата - место каде што душите на праведните живеат во блаженство.
Англиски: paradise Албански: parajsë, xhenet
Примери:
Ги истерале од рајот.

рајски повеќе

рајска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на рај.
Англиски: paradisiac

рамазан повеќе

рамазанот
Вид збор: Именка, машки род
Деветти месец од исламскиот календар, месец на строг пост кај муслиманите кога се јаде и пие само ноќе во определни часови, односно од зајдисонце до изгрејсонце.
Англиски: Ramadan Турски: ramazan

реинкарнација повеќе

реинкарнацијата
Вид збор: Именка, женски род
Според Будизмот - повторно раѓање на душата во ново тело.
Англиски: reincarnation

реинкарнира повеќе

(се) реинкарнираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Доживее, доживува реинкарнација.
Англиски: reincarnate

реис-ул-улема повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Врховен поглавар на исламската верска заедница во нашата земја.
Англиски: islamic religious leader Турски: ulema

реквием повеќе

мн. реквиеми
Вид збор: Именка, машки род
Кај католиците - божја служба за мртвите.
Англиски: requiem Албански: rekuiem

реликвија повеќе

мн. реликвии
Вид збор: Именка, женски род
Предмет на религиозна почит кој има, според верниците, чудотворна сила, магиска моќ.
Англиски: relic Албански: relikuim

римокатолик повеќе

мн. римокатолици
Вид збор: Именка, машки род
Верник од римокатоличката црква.
Англиски: Roman Catholic

римокатолички повеќе

римокатоличкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на католичката црква со седиште во Рим.
Англиски: roman catholic

рисјанин повеќе

Види и: христијанин (м.)
мн. рисјани
Вид збор: Именка, машки род
христијанин
Англиски: christian

рисјанка повеќе

Види и: христијанка (ж.)
мн. рисјанки
Вид збор: Именка, женски род
христијанка
Англиски: christian

рисјански повеќе

Види и: христијански (прид.)
христијанска
Вид збор: Придавка
христијански
Англиски: christian

ритуал повеќе

мн. ритуали
Вид збор: Именка, машки род
Систем од обреди што се вршат при некој религиозен акт.
Англиски: ritual Албански: ritual
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш