Историја - категорија

јакобинец повеќе

мн. јакобинци
Вид збор: Именка, машки род
Член на радикалното политичко крило од времето на Француската револуција.
Англиски: revolutionary Албански: jakobin, revolucionar

јакобинство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Радикално политичко движење од времето на Француската револуција.

јаничар повеќе

мн. јаничари
Вид збор: Именка, машки род
Војник во елитна трупа на османлиската војска што го чувале султанот и достигнувале највисоки државни функции.
Англиски: Janissary Турски: yeniçeri

јаничарски повеќе

Види и: јаничар (м.)
јаничарскиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со јаничар.

јатаган повеќе

мн. јатагани
Вид збор: Именка, машки род
Вид долг, тенок, малку закривен ориентален меч, карактеристичен за османлиската војска.
Англиски: yataghan knife Турски: yatağan

јатак повеќе

мн. јатаци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што ги заштитувал и им помагал на комитите и ајдуците во периодот на османлиското владеење на овие простори.
Англиски: accomplice Турски: yatak Албански: jatak

Јенки повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Федерален војник во Американската граѓанска војна.
Англиски: Yankee Албански: Jenki

ЈНА повеќе

Вид збор: Скратеница
Југословенска народна амија

Југославија повеќе

Вид збор: Име
Име на различни политички ентитети што постоеле на Балканскиот Полуостров.
Англиски: Yugoslavia

југословенски повеќе

Види и: Југославија (име.)
југословенските
Вид збор: Придавка
Што е во врска со Југославија.
Англиски: yugoslav

јузбашиев повеќе

јузбашиевиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на јузбашија, што му припаѓа на јузбашија.

јузбашија повеќе

мн. јузбашии
Вид збор: Именка, машки род
Капетан во османлиската војска.
Англиски: captain Турски: yüzbaşı

јулијански повеќе

јулијанскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на Јулиј Цезар, кога во 46 година по новата ера е воведен календар.
Англиски: Julian

јункер повеќе

мн. јункери
Вид збор: Именка, машки род
Питомец во јункерско училиште (воена академија).
Германски: Junker

јурук повеќе

мн. јуруци
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на помошната јаничарска војска од времето на османлиската власт.
Турски: yürük Албански: juruk
Номад, човек без постојано живеалиште.
Англиски: nomad Албански: nomad, shtegtar, endacak
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш