Историја - категорија

чауш повеќе

мн. чауши
Вид збор: Именка, машки род
Подофицерски чин во турската војска.
Англиски: sergeant Турски: çavuş Албански: rreshter

чета повеќе

мн. чети
Вид збор: Именка, женски род
Група вооружени луѓе - востаници.
Англиски: rebell group Албански: rebel

четвртчија повеќе

мн. четвртчии
Вид збор: Именка, машки род
Оној кој обработува туѓа земја со договор да добие четвртина од родот.

четник повеќе

мн. четници
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на чета во борбите за национално ослободување од турскиот јарем.
Албански: çetnik
За време на Народноослободителната борба припадник на единиците на Дража Михајловиќ во Србија.
Албански: çetnik
За време на Првата светска војна командос во редовите на српската војска.
Албански: çetnik

четништво повеќе

Вид збор: Именка, среден род
четничко движење, четничка дејност

чифлиг повеќе

мн. чифлизи
Вид збор: Именка, машки род
Во турско време феудален земјоделски имот.
Англиски: estate Турски: çiftlik Албански: pronë, çiflik

чифлигар повеќе

мн. чифлигари
Вид збор: Именка, машки род
Селанец, земјоделски работник што работи на чифлиг.
Англиски: farmer Турски: çiftçi

чифлигарски повеќе

чифлигарскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на чифлигар.
Турски: çiftlik

чифлигарство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
чифлигарски, спахиски систем
Англиски: serfdom

чифликсајбија повеќе

мн. чифликсајбии
Вид збор: Именка, машки род
земјопоседник, сопственик на чифлик
Англиски: estate owner

чифлишки повеќе

Вид збор: Придавка
Што се однесува на чифлиг.

чифчија повеќе

мн. чифчии
Вид збор: Именка, машки род
Наемател на земја од спаија.
Турски: çiftçi Албански: çifçi
земјоделец, орач
Англиски: farmer Албански: bujk

чифчилак повеќе

Види и: чифчиство (ср.)
чифчилакот
Вид збор: Именка, машки род
чифчиство
Англиски: farming Турски: çiftçilik Албански: bujqësi

чифчиство повеќе

(едн.) чифчиството
Вид збор: Именка, среден род
работа, положба на чифчија
Англиски: farming Албански: çifçi

чокој повеќе

мн. чокои
Вид збор: Именка, машки род
Велепоседник во некогашната Романија.
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш