Екологија - категорија

обесшуми повеќе

обесшумат
Вид збор: Глагол, свршен
Уништи шума, исече шума.
Англиски: deforest

одумира повеќе

Види и: изумира (несв.)
одумираат
Вид збор: Глагол, несвршен
изумира
Англиски: die out

озон повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Отровен син гас од молекули што содржат три атоми кислород; алотропска модификација на кислород кој се наоѓа во горната атмосфера каде што го апсорбира поголемиот дел од штетното ултравиолетово зрачење на сонцето.
Латински: O3 Англиски: ozone

озонски повеќе

озонскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на озон; што има озон.

оптика повеќе

мн. оптики
Вид збор: Именка, женски род
Продавница или работилница за очила и други оптички производи.
Албански: shitore optike

опустини повеќе

опустинат
Вид збор: Глагол, свршен
Створи пустина, опустоши.
Англиски: desert
(се опустини) стане пустина
Англиски: desert

органски повеќе

органски
Вид збор: Придавка
Што е произведен без хемиски додатоци, на биолошки начин.
Англиски: organic Албански: organik

отпад повеќе

(едн.) отпадот
Вид збор: Именка, машки род
Ненужен остаток од нешто.
Англиски: waste Албански: mbeturinë
Место каде што се фрлаат отпадоци.
Англиски: dump Албански: deponi

отпаден повеќе

отпадни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на отпад.
Англиски: waste

отпадок повеќе

мн. отпадоци
Вид збор: Именка, машки род
Тоа што ќе отпадне од нешто како ненужно.
Англиски: waste Албански: mbeturinë

отпепелување повеќе

(едн.) отпепелувањето
Вид збор: Именка, среден род
Отстранување на пепелта.
Албански: menjanimi i hirit

отпраши повеќе

отпрашат
Вид збор: Глагол, свршен
Отстрани прашина од нешто.
Англиски: dedust

отров повеќе

мн. отрови
Вид збор: Именка, машки род
Материја штетна и смртоносна за живите организми.
Англиски: poison Албански: helm
а - б - в - г - д - ѓ - е - з - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ч - џ - ш