ѓубре

мн. ѓубриња
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 1938
1. отпадоци, нечистотија, смет
Англиски: garbage Турски: gübre Албански: mbeturinë, bërllog
Употреба: Екологија
Примери:
Четката за под везден стоеше среде собата заедно со ѓубрето.
2. гној
Англиски: manure Албански: qelbësirë
Употреба: Земјоделство
Примери:
арско ѓубре
природно ѓубре
3. Вештачки, органски и минерални материи за ѓубрење на почвата.
Англиски: fertilizer Албански: pleh
Употреба: Земјоделство
Примери:
природно и вештачко ѓубре
азотни и фосфорни ѓубриња
4. Тој или тоа што е безвредно.
Англиски: waste Албански: mbeturinë
Употреба: Пејоратив , Преносно значење
Примери:
Неговите постапки покажаа дека е обично ѓубре.
Сега се продава секакво ѓубре.
Прави ѓубре - растура, расфрла на сите страни.