кошара

мн. кошари
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 7434
1. Просторија чии ѕидови се од праќе облепени со кал за чување добиток.
Англиски: stable Албански: koshare
Употреба: Земјоделство
Примери:
Веднаш потоа стоката нагрна кон кошарата, а тој имаше голема мака да ги задржи, да не дозволи да се избодат и изгазат.
Мислеше дека кошарата е доволно обезбедена од налетот на волците.
2. Таква просторија за луѓе.
Англиски: den Албански: koshare çobani
Примери:
овчарска кошара
Од кошара палата да направи!
3. Просторија за чување добиточна храна.
Англиски: stable Албански: ahur
Употреба: Земјоделство
Примери:
Кошарата му е полна со ланска пченка.