шут
шутиот
Вид збор: Придавка
Ранг: 22097
1.
За рогато животно - што е со скршен рог или без рогови.
шута коза
2.
За стомна, барде, грне - со скршена рачка или устинка.
Англиски:
broken
шута стомна
Слично со:
скршен (прид.)
3.
Гол, непотполн, на кој му недостига нешто важно.
Примери:
Некако шуто ми изгледа сето ова овде.
4.
За човек - кој не е со сиот ум, удрен, мрднат.
Примери:
шут човек
Изрази
(посл.) Ем шуто ем боде - нема рогови, а (сака да) боде.
(разг.) Шуто ми е - празно ми е, нешто ми недостига.