чудо
мн. чуда
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 1417
1.
Митолошки појава, настан што е во спротивност со природната законитост, последица на натприродни сили.
Примери:
Св. Наум правел многу чуда
И тогаш стана чудо: гробот сам се отвори.
2.
Воопшто необична појава, нешто што е за чудење, што предизвикува чудење или восхитување.
Примери:
Нашите борци прават чуда.
Браќата се истепаа, што доживеав, на старост ова чудо да го видам.
(разг.) чудо големо! Са чудо големо!
Стане на чудо. Се најде во чудо.
Како по чудо (сосем неочекувано).
Изрази
(посл.) Секое чудо за три дена.