а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

чуден

чудни
Вид збор: Придавка
Ранг: 577
1. Што буди чудење, необичен.
Англиски: strange Албански: i çuditshëm
Примери:
Ноќеска видов чуден сон.
Што е најчудно при тоа.
чуден вкус
Чудно чудо, чудна чудесија.
чудна работа
чуден човек
Јас ништо чудно не гледам во тоа.
2. Прекрасен, што буди восхитување со својата убавина, со своите позитивни својства.
Англиски: wonderful Албански: i mrekullueshëm
Примери:
Чудна снаа имате.
Чудно лето е ова.
Чуден пример ми покажа, синко.
3. За својство, способност - што е застапен во поголема, необична мера.
Англиски: unusual Албански: i jashtëzakonshëm
Примери:
чудна убавина
Тоа тој го сврши со чудна брзина.
Тој покажа чудна истрајност.
4. зачуден
Англиски: astonished Албански: i çuditur
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Жената влегла и останала чудна.