чист
чисти
Вид збор: Придавка
Ранг: 527
1.
Што не е валкан; што не е загаден.
Англиски:
clean
Албански:
i pastër, i dlirë
чисти алишта
чиста чинија
чисти раце
чиста куќа
чист извор
чист воздух
чиста крпа
2.
Што се носи чисто или ја сака чистотата и држи чисто.
Примери:
чиста жена
3.
Што е без други примеси.
Примери:
чисто злато, чисто сребро
Чисто (пченично) брашно.
(за животни) чиста раса
(за науката и одделни нејзини гранки) чиста наука, чиста филозофија, чиста математика
(за народност на човек) чист Македонец, чист Индијанец, чист Албанец
4.
Без примеси што го менуваат или го расипуваат изгдедот.
Примери:
Чисто (јасно) небо.
Чисто лице, чист тен на лицето.
5.
(за глас, звук) - јасен, звучен, што звучи јасно
Примери:
Чист и мелодичен глас.
Овој клавир нема чист звук.
Слично со:
јасен (прид.)
6.
За јазик, изговор, музички тон - точен, правилен, без грешки.
Примери:
На чист литературен јазик.
На чист македонски јазик.
Повтори, последниот тон не ти беше чист.
Тој има чист француски изговор.
Слично со:
точен (прид.)
8.
Чисто нешто - работа.
Примери:
Работата не ти е чиста.
Тоа не е чиста работа, тоа не се чисти работи.
Сметките не ти се чисти.
9.
(за добивка, загуба) - што останува откако ќе се одбијат расходите односно приходите.
Примери:
чиста печалба
чист приход
чиста загуба
чиста штета
Слично со:
нето (прид.)
10.
Во морален поглед - што е без гревови, без грешки, пороци и сл.
Примери:
Чиста ми е совеста.
Човек со чисто срце.
чиста девица
Тој излезе чист од борбата.
Слично со:
безгрешен (прид.)
11.
вистински
Примери:
чиста љубов
чиста клевета, чиста лага
чист случај
Слично со:
вистински (прид.)
Изрази
(црков.) Чисти понеделник - првиот понеделник на велигденските пости.
Чиста сметка, долга љубов.