а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

центар

мн. центри
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 616
1. Точка еднакво оддалечена од сите точки на кружницата; средишна точка на некои односи во тело.
Англиски: center Албански: qendër
Употреба: Математика
Примери:
центар на круг
центарот на топката
2. Среден дел, средина на нешто; средишен, обично најважен дел на населба.
Англиски: town center
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
во центарот на градот
Живее во строгиот центар.
3. Места каде што е сосредоточена некаква дејност, каде што се наоѓа некое раководство, управа.
Англиски: center
Употреба: Административен термин
Примери:
Центарот на востанието беше во Босна.
Административен, индустриски, културен, стопански, трговски центар.
4. Раководен орган на организација, управа и сл.
Англиски: center
Употреба: Административен термин
Примери:
Директиви идеа од центарот.
Борбата се водеше од еден центар.
Телевизиски центар.
5. Група ќелии што регулираат некоја функција на организмот.
Англиски: center
Употреба: Медицина
Примери:
центар на рамнотежата
6. Како составен дел на називот на некои установи.
Англиски: center
Употреба: Административен термин
Примери:
воздухопловен центар
7. Во демократските партии и парламенти - група што се наоѓа меѓу десната и левата страна.
Англиски: center
Употреба: Политика
Примери:
влада на левиот центар
8. Играч што игра во средината и го организира нападот во некои спортови.
Англиски: forward
Употреба: Спорт
Примери:
Центарот на гостинската екипа играше многу добро.
Изрази
(разг.) Центар на вниманието.