фамилија
мн. фамилии
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2469
1.
потесно семејство
Примери:
Мала е неговата фамилија: тој, жена и дете.
Тој е глава на фамилијата.
Слично со:
семејство (ср.)
2.
Лица, блиски по крвно родство, род.
Примери:
Момчето беше од најбогатата фамилија во градот.
Видна фамилија.
Стара фамилија.
Слично со:
роднина (ж.)
3.
Поголема група луѓе сврзани со општи интереси.
Примери:
Во фамилијата на мирољубивите народи.
Слично со:
група (ж.)