уста
мн. усти
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 295
Примери:
Примери:
Му изнареков сѐ што ми дојде до уста.
Од уста в уста.
Со полна уста - од срце.
Англиски:
lip
Албански:
gojë, buzë
Ја бакна в уста.
Дебели усти.
Со нацрвена уста.
Слично со:
усна (ж.)
4.
човек, душа, глава
Англиски:
people
Албански:
gojë, krerë
Девет усти чекаат дома од мене (да ги нахранам).
5.
Устина, отвор што личи на уста.
Англиски:
opening
Албански:
vrimë, birë
Устата на топот.
7.
Чавкина уста (едногодишно растение чијшто цветови се отвораат како уста кога ќе ги притиснеш.
Изрази
(разг.) Му го зеде залакот од устата - му ги одземал и последните средства за живот.
На волкот в уста му влезе (му отиде) - се изложи на голема опасност.
Не ми се клава залак в уста - нема апетит.
Си ја носи пченицата в уста - пред умирање е, со едната нога во гроб.
Си остана со прстот в уста - со празни раце (вчудоневиден).
Устата ми фати павлака - (ме доболе) од зборување.
Устата му мириса на млеко - уште е незрел, неискусен.
(посл.) Зини усто, лапни море - како забелешка за некој кој е многу лаком.
(посл.) Многу раце благословени, многу усти колнати - добро е кога има многу раце за работа, ама лошо е кога треба да се нахранат многу луѓе (усти).
Што сум зготвила манџа, мртви усти да јадат - многу вкусно јадење.
Отиде уште со залакот в уста (јадејќи) - касна на брзина.
В уста ми е (зборот) на врв на јазик ми е - кога не можеш да се сетиш на некој збор.
(разг.) Блага (слатка, златна, медена) уста - слаткоречив е.
Зар уште имаш уста да зборуваш?
Затвори си ја устата (престани да зборуваш).
Ми го зеде зборот од уста - каже нешто што друг сакал да каже.
(посл.) Царската уста - остра сабја - царскиот збор не се порекнува.
(клетва) Да ти онемее устата!
(Од) твоја уста (во) божји уши!
Уста има, јазик нема - тивок, ќутлив е.
Отворил една уста до уши - многу зборува.
Со уста (лично) еве ќе те канам.
Му ја затна устата - замолчи со аргументи.
Фали ме, усто, зашто ќе те раскинам.
Со која уста го рече тоа?
Со половина (празна) уста (со тешко срце, со колебање).
(разг.) Си ја прекаса устата - се изненади, се запрепасти.