а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

трие

тријат; тријам; триел; триен
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 3361
1. Движи рака или нешто друго по некаква површина со притискање.
Англиски: rub Српски: трљати Албански: fërkoj Бугарски: трия
Примери:
Трие очи.
Трие раце (една од друга).
Ги триеше стапалата со камена плочка.
2. масира
Англиски: massage Албански: bëj masazh
Примери:
Секоја вечер таа го триеше болниот.
3. Чисти, вади нечистотија со триење.
Англиски: rub Албански: fshij
Примери:
Ако сакаш да ти бидат побели чаршафите, треба повеќе да ги триеш при перењето.
Кога се капам, јас секогаш повикувам некого да ме трие.
4. Со триење ситни, гмечи, прави нешто на каша.
Англиски: mash Албански: qull himesh
Примери:
Трие грав.
(разг.) Му трие на некого сол на главата.
5. (се трие) од нешто
Англиски: rub Албански: fërkoj
Примери:
Се трие од ѕидот.
6. (се трие) се масира
Англиски: massage Албански: bëj masazh
Примери:
Тој не ужива многу кога се трие сам.
7. (се трие) Си ја вади нечистотијата од телото со триење.
Англиски: rub Албански: fshij
Примери:
Се трие со крпа.