а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

точка

мн. точки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 887
1. Ситна кружеста дамка; трага од опирањето на шилест предмет.
Англиски: spot Албански: pikë
Примери:
Бел фустан со црни точки.
2. Како интерпункциски знак.
Англиски: dot Албански: pikë
Употреба: Граматика
Примери:
Точка и запирка.
Стави точка на крајот на реченицата.
3. Граница на една линија, она што нема делови, измерување.
Англиски: point Албански: pika
Употреба: Математика
Примери:
Отсечката е дел од права ограничена со две точки.
4. Назначено, определено место во пространството.
Англиски: point Албански: pika
Примери:
Ридот е најважната точка на тој терен.
5. Во физиката - граница, граничен момент при кој настапува или се пројавува нешто.
Англиски: point Албански: pika
Употреба: Физика
Примери:
Точка на замрзнување, точка на вриење.
6. Одделен нумериран дел во писмен состав, план и сл.
Англиски: item Албански: pika
Примери:
Точки на дневен ред.
7. Место, пункт во системот, во мрежата на некакви пунктови.
Англиски: point Албански: pika
Примери:
Тој изврши контрола само на неколку најважни точки во организационата мрежа.
8. рамниште, граница, ниво
Англиски: point Албански: pikë, nivel
Примери:
Во десет часот водата ја достигна највисоката точка.
9. крај, завршок
Англиски: end Албански: pikë, fund
Примери:
Стави му еднаш точка на тоа.
(самостојно) Не сакам повеќе да те слушам! Точка!
10. чешмурка
Англиски: tap Албански: çep
Употреба: Народна поезија
Изрази
Излезна точка - почеток.
Мртва точка - не оди понатаму.
Допирна точка - заеднички интереси.
Врвна точка - максимално.
Од гледна точка на ... - аспект, гледиште.