тече
течат; течи, течете; течеше, течеа; течел; течен; течејќи; течење; тече, текоа; текол, текле
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 1004
Примери:
Слично со:
струи (несв.)
Примери:
Од шапките на афионот течеше бел сок.
Носот му тече, настинат е.
Му тече пот од челото.
Примери:
Бурето тече.
Чевлите ми течат, не можам да одам по оваа кал.
4.
Поминува - обично за време.
Примери:
Младоста, животот тече.
Годините си течат.
5.
За говор, мисла - се ниже, се одвива едноподруго, без запинање.
Примери:
Мислите му течеа глатко.
Зборовите му течеа.
6.
За интерес - расте.
Примери:
Интересот ви тече од почетокот на годината.
Трошоците течат.
Изрази
(посл.) Кај текла вода (река), пак ќе тече.
(разг.) Лиги му течат - се настрвил.
Ако не тече, капе - работата оди полека, но пак сме задоволни.